Селекторот Јоаким Лев смета дека Бундестимот има потреба од нови добри резултати по последователните неуспеси на Светското првенство во 2018 и Лигата на нациите.
Германците ќе играат пријателски натпревар против Србија во Волфсбург во среда, а четири дена подоцна ќе се соочат со Холандија во квалификациите за ЕП 2020 во Амстердам.
„Мораме да играме на нов и подобар начин, треба да покажеме поголем ентузијазам, ни треба многу успех и промени“, изјави Лев за германските медиуми.
Германскиот селектор ќе бара поголема одговорност од дефанзивецот Никлас Зуле во отсуство на искусните досегашни стандардни репрезентативци Џером Боатенг и Матс Хаммел, кои веќе нема да бидат викнати во тимот.
„Николас ќе преземе голема одговорност во одбраната, очекуваме повеќе од него, мора да ја организира одбраната и да има главна улога. Истото важи и за Антонио Рудигер, вели Јоаким Лев.
Од останатите изненадувања од списокот кој го објави Лев ќе недостасуваат и Јулијан Дракслер од ПСЖ и Марио Геце од Дортмунд.
Comments are closed for this post.