Откако Реал Мадрид плати 60 милиони евра за него, 21-годишниот српски фудбалски репрезентативец, Лука Јовиќ, го очекуваат како големо засилување за нападот на „кралскиот клуб“. Но, заедно со него, во шпанската престолнина ќе заминат и двајцата што се негова најголема поддршка во животот и кариерата.
Тоа се неговата девојка Анџела Маниташевиќ и нивното новородено синче. Анџела и Лука се заедно уште од 2016 година, односно од времето кога тој настапуваше за Црвена звезда и на нивната љубов не влијаеше ни тоа што Лука кариерата го одведе прво во Португалија (Бенфика) па во Германија (Ајнтрахт Франкфурт). Нивниот син се роди во февруари, а среќната вест фудбалерот ја соопшти на својот инстаграм профил.
Таа слика од Лука и неговото синче е една од ретките моменти кога фудбалерот споделува детали од својот приватен живот на социјалните мрежи, а тоа особено важи за врската со Анџела. Тие двајца речиси никогаш јавно не ја искажуваат љубовта кон другиот.
Така, на профлиот на Анџела нема ниту една слика од Лука меѓу 109 достапни фотографии, а слично е и со профилот на фудбалерот, каде што нема слики од Анџела. Лука единствено ја означува својата девојка на сликите на коишто е сликан со нивниот син.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Comments are closed for this post.