Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, објави видео на кое се гледа како тој се релаксира и се подготвува во соблекувалната на својот тим уживајќи во звуците на песната „И се враќам на мајка ми во Босна“ од легендарниот босански пејач, Халид Бешлиќ.

Напаѓачот на американскиот Лос Анџелес Галакси, е роден во Шведска, но по татко му Шевик Ибрахимовиќ има потекло од Босна, а со ова видео открива дека мелосот од „родниот крај“ му е најдобра мотивација и на 37 години да ги тресе противничките мрежи.

 

View this post on Instagram

 

Back to business @lagalaxy

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on