Видеото од прославата од соблекувалната на Аргентина ги запали социјалните мрежи.Аргентинците се пласираа во големото финале на Светското првенство, откако во полуфиналето ја демолираа Хрватска со 3:0.

По мечот, славјето од теренот се пресели во соблекувалната на „гаучосите“, а малку од лудата атмосфера откри Пауло Дибала, кој на својот „ТикТок“ сподели видео на кое воодушевените фудбалери скокаат од радост, пеат навивачки песни, лудување и забава.

Сепак, еден детал од видеото ги разбесни хрватските фанови. Имено, гаучосите малку се занесоа во славјето, па во излив на еуфорија дресот на хрватската репрезентација заврши во корпа за отпадоци!