Кошаркарите одиграа еден од најдобрите натпревари сезонава победувајќи го Денвер нагетс со 109-99, со што дојдоа до втората победа по ред. На тој начин „ракетите“ ја зголемија самодовербата пред претстојниот дуел со актуелниот шампион, Голден Стејт вориорс.

Клинт Капела беше најефикасен во победничката екипа со 24 постигнати поени, а притоа одигра и одлична одбрана против најдобриот кошаркар на Дебвер, центарот Никола Јокиќ. Освен таквиот настап на Капела, за триумфот на Хјустон придонесоа и останатите четворица стартери коишто мечот го завршија со двоцифрен број поени.

Резултати од синоќешните натпревари

Денвер – Хјустон  99-109

Кливленд – Шарлот  113-89

Голден Стејт – Атланта  110-103