Претседателот на Реал, Флорентино Перез, изјави оти мадридскиот клуб не го ангажирал Ерлинг Халанд бидејќи не сакал норвешкиот голгетер да седи на клупата за резервни играчи, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал долго време беше заинтересиран за услугите на Халанд, кој на крајот премина од Борусија Дортмунд во Манчестер сити за 51.2 милиони фунти.
– Не го купивме Халанд, бидејќи ја имаме најдобрата деветка во светот, изјави Перез, алудирајќи на францускиот напаѓач Карим Бензема.
„-Тоа ќе значеше дека го носиме Халанд за да седи на клупата за резерви. Велите дека постои клаузула во договорот во Сити според која може да замине после две години? Не сме веќе заинтересирани. Градиме екипа со млади фудбалери, кои веќе ги имаме и ќе донесеме некои засилувања, посочи Перез при гостувањето во телевизиската програма „Ел Чирингито де Хугонес“ во Мадрид.
Comments are closed for this post.