Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека погодокот на Фернандо Љоренте во четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Тотенхем бил нередовен. „Граѓаните“ победија на „Етихад“ со 4:3, но испаднаа со вкупен резултат 4:4 поради головите на Тотенхем на гостински терен, а решителен се покажа погодокот на Љоренте во 73. минута.

Погодокот беше признаен од судијата Џунеит Чакир дури по ревизија со ВАР, откако топката ја допре раката на Љоренте, но тој смета дека тоа не влијаело. На крајот од натпреварот погодок на Стерлинг за Сити беше поништен поради офсајд на Агуеро.

Офсајд е офсајд. Сурово е, бевме толку блиску до полуфиналето. Од моја гледна точка голот на Љоренте не требаше да биде признаен, бидејќи тоа беше игра со рака. Го прифаќаме резултатот и продолжуваме напред. Ги шоздравувам Тотенхем и им посакувам успех во полуфиналето. Го поддржувам ВАР, но има некои дискутабилни моменти. Пропуштивме пенал во првиот натпревар, но јас се гордеам со навивачите и фудбалерите. Таква поддршка не сме имале никогаш досега“, прокоментира Гвардиола.