Шкендија вчера ја оствари првата победа на македонски клуб во групната фаза на европските купови.
Совладан беше ирски Шелбурн со 1-0. Но, оваа победа за жал ја видоа само неколку илјади љубители на фудбалот. Штета, клубот треба да се сака и кога игра со неатрактивни противници.

Ова посебно се однесува за најверните навивачи на тетовци, популарните „Балисти“. Тие на источната трибина беа само неколку стотина, речиси исто колку гостите од Ирска.







Comments are closed for this post.