Легендата на Шпанија и Реал Мадрид, Икер Касиљас го спореди сегашниот тренер на „кралскиот клуб” Зинедин Зидан со големиот стратег, Висенте дел Боске.
Како што е познато, голманот ја освои два пати Лигата на шампионите со Реал и по еднаш светската и европската титула со „Фуријата” под раководство на Дел Боске, а со Французинот беа соиграчи во времето на првиот „Галактико”.
„Преминот од играч во тренер воопшто не е лесен. Кога си бил најдобар, еден од најголемите на сите времиња, нешто што сите сме го виделе на теренот, тоа изгледа како лесна задача. Сепак, видовме толку многу случаи, во кои тоа не успева. Се чини дека Зидан секогаш ја контролира ситуацијата. Тој е исто така млад ментор кој постојано контактира со своите играчи. Кога го гледам на прес-конференции, ме потсетува на Висенте дел Боске. Висенте никогаш не бил тренер кој сака да биде во центарот на вниманието. Кога беше наш тренер во Реал Мадрид … тој беше таков, а Зидан многу ми личи на него“, изјави актуелниот голман на Порто.
Comments are closed for this post.