Се случи најголемото изненадување на Европското првенство. Грузија ја победи Португалија и се пласираше во втората фаза. Дебитантите на секое поле ја надиграа големата Португалија на чело со Роналдо. Португалските напаѓачи не успеваа да ја пробијат одбраната на Грузијците која функционираше како под конец.
Голманот Мармадашвили бранеше невозможно а пак играчот на Наполи Кварацкелија си поигруваше со одбраната на Португалија.
Голем успех на избраниците на Вили Сањол.Секоја чест, вака се игра за својата земја.
Comments are closed for this post.