Изборното собрание на ФФМ започна со честитка од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино кое преку видео обраќање му го честиташе новиот мандат на Муамед Сејдини бидејќи тој е и единствен кандидат за претседател.

Муамед Сејдини е единствен кандидат за претседател на ФФМ, па денеска само ќе биде потврден неговиот нов мандат.

Честитки однапред за изборот доби од претседателот на ФИФА, Џани Инфантно кој се обрати со видео порака.

„Поздрав на сите, жал ми е што не можам таму, во моментов сум во Мароко. Вие имате избори на кои единствен кандидат е Муамед. Честитки однапред, направи добра работа и продолжи со твојот тим да работиш и во иднина добро. Сакам да ви ви честитам на пласманот на Европското првенство, во лето ќе имате големо искуство. Вашиот слоган е Сега е наше време, па сега е ваше време за развој на фудбалот во вашата земја, а во тој развој секогаш можете да сметате на ФИФА. Поздрав од Африка, имајте добри избори“, изјав Инфантино во видео пораката.