Ќе се обновува електрониката во Ф1 болидите на Ферари пред настапот за Големата награда на Шапанија, изјави шефот на тимот Скудерија, Матија Биното кој додаде дека традиционално за трката во Барселона повеќето тимови прават промени.

Затоа, очекувам подобрени перформанси на конкурентите. Ние знаеме што треба да направиме. Ќе ја финализираме аеродинамиката и ќе инсталираме нови посилни агрегати кои ќе бидат ажурирани пред време, бидејќи овој зафат беше планиран да го направиме за трката во Канада“, изјави Биното.

По четири трки во Ф1 шампионатот, возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Лекелр се на третото, односно петтото место во генералниот поредок.