Роџер Федерер беше подобар од Серена Вилијамс на мечот кој се смета за историски во кој Швајцарија ги победи САД во мешани двојки на Хофман купот во Австралија.
Федерер и Вилијамс заедно имаат освоено неверојатни 43 гренд слем титули и заработено повеќе од 200 милиони долари, а сега за прв пат се сретнаа на меч како противници.
Роџер заедно со неговата партнерка Белинда Бенчиќ беа подобри од американската двојка Вилијамс и Франсис Тиафо со 2:1 во сетови.