30 коло од домашното фудбалско првенство го носи дербито во Ѓорче Петров. Најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар ќе и гостува на Македонија Ѓорче Петров во обид да ја продолжи низата без пораз.

Домаќините имаат слична амбиција, по поразот од Шкендија во саботата во Тетово посакуваат освојување на најмалку еден бод со цел да ја задржат сигурноста на седмото место на табелата.

Лидерот Шкендија ќе и гостува на Беласица во Струмица. Во Скопје, Работничи е домаќин на Победа, а Шкупи на Академија Пандев со што би ја зграбиле последната шанса во битката за европски излез.

Ренова атакува на прв триумф по трите порази во низа против разиграниот Силекс кој во Тетово патува по важната победа над Работнички.