Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурант, не сака Џејмс Харден да го напушти тимот.

Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, Дурант гледа потенцијал да продолжи да игра со Харден и Кајри Ирвинг и е уверен дека актуелниот список на Бруклин е способен да се натпреварува за шампионската титула.

-Дурант дефинитивно сака да продолжи да игра со Харден. И погледнете, мислам дека шансите за тргување со Харден пред крајниот рок во моментов се помали од шансите тој да остане во Нетс, објави Војнаровски за НБА драфтот.

Претходно беше објавено дека Харден е незадоволен од својата позиција во Нетс и животот во Бруклин, а генералниот директор на Филаделфија, Дерил Мори, кој работеше со Харден во Хјустон, реши да ја искористи оваа ситуација. Сиксерси се во преговори со Бруклин за можна трампа на Бен Симонс за Харден