Тимот на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од 20ти до 24ти април оваа година ќе посегнат по освојување на предизвикот наречен ,,4 Острови” во Р.Хрватска – една од најзначајните маунтинбајк етапни трки во светот.

Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), претставниците на ВК Енерџи за пет денови ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

,,4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.