Македонија е во еуфорија. Фудбалската репрезентација по победата над Словенија е со реални шанси за пласман на Европското првенство. Шансата е тука, има уште три меча до крајот од кои две гостуваме, а еден играме дома со Израел. Моментно сме трети, со ист број бодови по 11 со Словенија, но Полска ни бега само два бода.

За денешниот меч што да се каже освен магија на Елис Елмас. Фудбалерот на Наполи со два гола сам ги победи Словенците. Момчето имаше сила да истрча два натпревари, се бореше како лав, асистираше и погодуваше.

Македониј одгигра добро, со мал пад во финишот на мечот кога Словенците од пенал намалија на 2-1 но немаше време за нешто повеќе. Мора да се истакне и одбраната која делуваше воиграно, со одличниот Димитриевски на голот кој спаси неколку „зицери“.