Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија, изјави дека ако отиде во Барселона, тоа ќе биде поради Лионел Меси.
„Има шанса да одам во Барселона, но не можам да кажам ништо повеќе, изјави Ди Марија во интервју за „Оле“.
Тој сподели дека сака да игра со Лионел Меси.
„Сакам да го гледам на тренинг. Тоа што го прави. Тоа е нешто уникатно, невозможно е да се објасни. Лео прави невозможни работи за време на тренингот, како и во натпреварите. Никој од нас не може да ги направи тие работи што ги прави. Затоа сакам да го гледам. Ако одам во Барселона, тоа ќе биде поради Меси, призна Ди Марија.
Comments are closed for this post.