Ракометарите на Хрватска во финалето в недела на Европското првенство во Стокхолм ќе играат против Шпанија, бранител на титулата освоена пред две години во Загреб. Шпанија во второто полуфинале синоќа ја совлада Словенија со 34-32 (20-15).
Шпанците за првпат се одвоија на три голови предност во 19. минута, и до полувремето имаа пет голови предност (20-15).
Во завршницата Словенците стигнаа до еден гол зад Шпанија, но со гол на Алекс Душебаев, Шпанија го запечати нивното второ последователно финале на Европското првенство, а вкупно – шесто.
Ангел Фернандез, Раул Ентрерирос и Душебаев, секој со шест погодоци, беа најзаслужни за победата на Шпанците
Comments are closed for this post.