Екипата на ЦСКА Москва постигна успех што до сега не му пошол од рака на ниту еден друг тим во историјата на Лигата на шампионите, но ни тоа не им беше доволно на Русите за да не ги завршат настапите во Европа за оваа сезона.

Со триумфот на гости против Реал Мадрид со 3:0, заедно со првиот меѓусебен дуел кога Русите славеа со 1:0, ЦСКА стана првиот тим во историјата што двапати го победил актуелниот европски шампион. Истовремено, рускиот тим му го нанесе на Реал Мадрид најубедливиот европски пораз на неговиот стадион, но и покрај се тоа, „армејците“ не успеаја барем да изборат продолжување на натпреварите во Европа лигата.

За такво нешто се погрижија фудбалерите на чешкиот шампион Викторија Плзен, коишто. слично како ЦСКА, направија големо изненадување и на домашен терен славеа против Рома со 2:1. Овие два резултат покажаа дека Реал Мадрид и Рома без многу мотиви и амбиција влегоа во своите натпревари, со оглед на тоа што и пред ова коло имаа обезбедено пласман во осминафиналето, Реаа како прв, а Рома како втора во групата.

Резултати од одиграните натпревари

Реал Мадрид – ЦСКА Москва  0:3

Викторија Плзен – Рома  2:1

Ајакс – Баерн Минхен  3:3

Бенфика – АЕК  1:0

Манчестер сити – Хофенхајм  2:1

Шахтјор – Лион  1:1

Валенсија – Манчестер јунајтед  2:1

Јанг Бојс – Јувентус  2:1