Печатените медиуми навистина имааат проблем со спортските настани што завршуваат доцна навечер. Пример за тоа е британскиот весник „Дејли Мејл“ кој брзаше да го подготви текстот од синоќешниот натпревар помеѓу Ајакс и Тотенхем во Лигата на шампионите во кој Англичаните до последната минута беа елеминирани.
Текстот и насловната страна со наслов „Heartbreak“ веќе беше подготвена и тогаш се случи чудо со голот на Моура Тотенхем се пласираше во финалето.
Тогаш одговорните во весникот мораа да подготват нова насловна во која главен лик беше стрелецот Моура.
Comments are closed for this post.