Домаќинот на фудбалскиот Куп на Америка, репрезентацијата на Бразил, како и Венецуела изборија пласман во четвртфиналето по синоќешните победи во третото, последно коло во групната фаза.

Бразил во Сао Пауло ја совлада селекцијата на Перу со 5:0. Стрелци на головите беа Каземиро, Фирмино, Евертон, Дани Алвес и Вилијан.

На средбата во Бело Хоризонте, Венецуела славеше триумф над Боливија со 3:1. Мачис двапати и Мартинез еднаш ја погодија мрежата на Боливија која постигна гол преку Јустинијано.

Конечен изглед на табелата во А-групата:

1. Бразил 7 бода

2. Венецуела 5

3. Перу 4

4. Боливија 0.

 

Вечер се играат дуелите од последното коло во Б-групата. Двојките се:

Катар – Аргентина

Колумбија – Парагвај.