Шпанската јавност го виде Бојан Кркиќ како наследник на Лео Меси, но Кркиќ не можеше да се справи со тој притисок и падна во депресија, а неговата кариера почна да паѓа.

Неодамна, на 32-годишна возраст, Бојан Кркиќ остана без клуб, кој минатиот месец ја раскина соработката со јапонскиот тим од Коби. Изгледа на Кркиќ му здосади фудбалот, а како што пишуваат шпанските медиуми решил да започне бизнис.

Во родната Барселона, Бојан Кркиќ реши заедно со Андрес Иниеста да ја основа фабриката „Гвава Спот“ каде што ќе прави велосипеди за специјална намена чија просечна цена ќе биде 5.000 евра. Ова се специјални велосипеди за планински трки и патеки.

Кркиќ и Иниеста неодамна го започнаа овој бизнис и моментално имаат само еден модел од овој велосипед на залиха, а неговата цена е над 7.000 евра.

Кога влегов во овој проект знаев дека ќе продолжам да се занимавам со велосипедизам. Тоа е добар начин да се комбинираат спортот и дружењето. Наскоро би можел и јас да учествувам на трки и се подготвувам за такво нешто. Отсекогаш сум го сакал тој спорт, а во последните пет години се занимавам посериозно.