Герет Бејл е обвинет за затајување данок во Шпанија, а поради прекршување на законот, ќе треба да плати 337.000 евра.
Ѕвездата на Реал Мадрид не ги пријавила целосните приходи од имиџ правата по пристигнувањето од Тотенхем во Реал Мадрид во 2013 година, или 200.000 евра неплатен данок. Покрај тоа, има и парична казна од 100.000 и 37.000 евра камати, пишува „Мундо Депортиво”.
Своевремено најскапиот играч во светот (Реал даде 100 милиони евра компензација на Тотенхем) Бејл им се придружи на Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Марсело, Алексис Санчез, Радамел Фалкао и други фудбалери кои исто така избегнаа данок во Шпанија, но поминаа со многу потешки казни од Велшанецот
Comments are closed for this post.