Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Герет Бејл, разговараше со новинарите откако присуствуваше на Отвореното првенство на Шпанија во голф.
– Во Реал само двајца играат голф – јас и Тибо Куртоа. Јас сум број еден во тимот. Тибо не е подобар од мене. Секогаш кога имам можност да присуствувам на турнир за голф, ја користам оваа шанса. Атмосферата, публиката, убавото време се одлични. Плус, се разбира, сите момци играат многу добро. Неверојатно е колку голферите се под притисок. Фудбалот е различен во ова, бидејќи и притисокот е присутен, но сепак има судија на теренот. Голфот е многу поинтелигентна игра. Тука чувствувам поголем притисок отколку на стадион со 80.000 гледачи, изјави Бејл.
Велшанецот пред неколку сезони постојано беше критикуван од навивачите на Реал, дека голфот му е на првото место, па потоа репрезентацијата на Велс, а дури на крај колку клупските настапи.
Comments are closed for this post.