По повторното апсење на Дарко Шариќ се разоткри и вмешаноста на балканската мафија во шверц на дрога од Јужна Америка во Европа. Неколку години повеќе полиции во Европа и Јужна Америка го следеле нивниот финансиски тек бидејќи дошле до сознанија дека се переле пари преку фудбалски клубови.

 Благодарение на работата што ДИПОЛ ја направи во Колумбија, стана познато како се поврзани со светот на фудбалот. По продажбата на одредени играчи следела и трага за перење пари што ја стекнале преку шверц на дрога – наведува истрагата.

Небојша Прелевиќ е клучна личност на „Балканскиот картел“. Прво бил стациониран во Малага, а најчесто патувал во Мадрид и Барселона, како и во Србија, Унгарија и Словенија.