Арсен Венгер е без ангажман откако минатото лето го напушти Арсенал сепак тој порача дека се уште не ја завршил својата кариера.
Се уште не сум ја завршил кариерата. Луѓето секогаш сакаат да ве стават во пензија кога сте стари. Но, додека имам апетит за живот, ќе продолжам. Една од предностите што ги имам, имајќи предвид дека сум во фудбалот од 35 години, е способноста да споделувам знаење со други луѓе. Ако не го сторите тоа – тогаш животот е бескорисен. Вие не треба да го напуштите овој свет без да се обидувате да им оставите нешто на луѓето, изјави Венгер.
Легендарниот тренер на Арсенал ова го изјави само неколку дена откако медиумите пренесоа дека наводно тој повеќе не се враќа во Премиер лигата.
ПСЖ одамна му понуди да биде спортски директор во клубот. Според пишувањата на француските медиуми, по средбата со шеикот Ал Тани, неговиот интерес за преземање на директорската улога во Париз, наводно пораснат.
„Професорот“, како што е неговиот прекар, го предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година. Под негово водство, “Топчиите” три пати ја освоија англиската Премиер лига, седум пати Купот на оваа земја, седум пати Суперкупот.
Comments are closed for this post.