Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата натпревари со Израел и Летонија на гостински терен во квалификациите за ЕП 2020.
На првиот собир недостасуваат капитенот Пандев, Трајковски, Тричковски, Несторовски и голманот Димитриевски кои утре во израелски Ашдод ќе му се приклучат на тимот.
Селекторот Игор Ангеловски смета дека „црвено-жолтите“ можат до второто место и покрај поразите од Полска и Австрија во претходните две рунди.
Не се предаваме, се додека постојат теоретски шанси да бидеме втори, јас ќе барам од играчите да го бркаме тоа место. Мотиви не недостасуваат, посебно кога се игра за репрезентација. До крај одиме на секој меч на победа, дали ќе биде за подобар пласман или за подобра подготовка во Лигата на Нации со Косово, сеедно. Овие момци досега покажаа дека не познаваат фаворити и јас верувам дека ќе бидат на нивото, изјави Ангеловски.
Бобан Николов, пак, смета дека е важно како ќе одигра Македонија, а не противникот.
Не чекаат два многу тешки натпревари, мислам дека можеме да ги добиеме и двата, зошто да не. Сакаме уште да се докажуваме и да покажеме дека тоа беше само слаб ден со Австрија. Но, што било поминало, сега е најважно што не чека понатаму, оваа репрезентација многу ветува и покажала квалитет. Не одиме да се браниме, одиме на победа, мило ми е што играчите се здрави, едвај чекам да ги видам моите колеги, и мислам дека заедно ако се сплотиме, мислам дека нема да имаме проблеми. Ако бидеме фокусирани како со Полска, ќе немаме проблем. Најважно е како ние ќе одиграме, а не противниците, смета Николов.
Comments are closed for this post.