Слекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари со Лихтенштајн и Гибралтар.На списокот се 21 фудбалер. Повикан е голманот на младинската екипа на Арсенал Дени Илиев. На местото на Двид Митов Нилсон. Крсте Велкосвки, напаѓач од редовите на Сараево исто така е дел од тимот. Нема да настапи повредениот Стефан Ристовски.
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дејан Илиев.
Одбрана: Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Мите Цикарски и Кристијан Тошевски.
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас и Стефан Спировски.
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски Крсте Велковски
Натпреварот со Лихтенштајн се игра на 16 Ноември во Вадуз. Против Гибралтар во Скопје играме на 19 Октомври.
Comments are closed for this post.