Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ги искажа амбициите за квалификациите за ЕУРО 2020. Тој во изјава за веб-страницата на ФФМ вели дека целта за Македонија е да биде во конкуренција за висок пласман и истакна дека целиот фокус најпрвин ќе биде на воведниот натпревар против Летонија.
– Мораме да веруваме во себе и во своите квалитети. Како селектор, заедно со стручниот штаб сме фокусирани на првиот натпревар против Летонија на домашен терен. Ќе ги анализираме сите противници, но одиме од натпревар во натпревар. Имаме две релативно блиски патувања, во Словенија и Австрија, три од првите четири натпревари ги играме на домашен терен и ќе направиме сѐ што е во наша можност да бидеме со што е можно повеќе бодови на тие воведни натпревари. Групата е неизвесна и ќе биде голема борба, без разлика на распоредот, вели Ангеловски.
Во групата со Македонија се Летонија, Словенија, Австрија, Израел и Полска.
Comments are closed for this post.