Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и поранешната ТВ водителка и ексмоделка, Алба Карилјо, се најновиот фудбалско-телевизиски љубовен пар во Шпанија.

Нивната врска ја обелоденува магазинот „Семана“, кој објавува слики од Тибо и Алба како вечераат во еден јапнски ресторан и потоа шетаат низ улиците на Мадрид фатени за рака. Магазинот пишува дека меѓу нив двајцата имало видлива хемија и дека си разменувале нежности без да се кријат од јавноста.

Ова не е првпат 32-годишната Алба да биде во врска со човек од спортот. Таа беше во пар со поранешниот возач на Мото ГП, Фонси Нието, со кого има син, а беше и во брак со тенисерот Фелисијано Лопез.

 

View this post on Instagram

 

🧤🧣 o 👙 ? #nosvamos #feliz #planazo

A post shared by albacarrillooficial (@albacarrillooficial) on

 

View this post on Instagram

 

Erase una vez … un día de sol , piscina y poca ropa 😏#quieroquevuelvas #quesevayaelfrio 🙏🏻🤔💭😎🌴👙

A post shared by albacarrillooficial (@albacarrillooficial) on