Реал Мадрид ја победи Барселона во големото дерби во 10. коло од шпанската Ла Лига со 2-1, а овој триумф ги однесе „кралевите“ на врвот во првенството.

Барселона имаше неколку шанси на почетокот на мечот, а најголемата ја пропушти Дест, кој од неколку метри шутираше далеку над голот, по што казната пристигна преку Алаба по неколку минути.

„Кралскиот клуб“ одигра контра-напад кој ги збуни Каталонците, по што Алаба немаше многу проблеми да ја смести топката во мрежата на Тер Штеген за предност од 1-0.

Во второто полувреме немаше премногу шанси на двете страни, а во завршницата беа постигнати уште по еден гол на двете страни. Најпрво Лукас Васкез погоди по уште една контра за „кралевите“ (2-0), а потоа Серхио Агуеро намали на 1-2.