Вардарци не влегоа во натпреварот премногу концентрирани и со неколку грешки во нападот и неколкуте неискористени зицери, им дозволија на ракометарите на Барселона да се размавнат со нивнот најсилно оружје, контранападите и играта со брз центар.
.@FCBhandbol captain @VictorTomas8 once again shows why he’s such an asset to his team – along with goalkeeper Gonzalo @PerezdVargas. The Spaniards have a good lead …#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/pGqWVBeKEn
— EHF Champions League (@ehfcl) June 1, 2019
Единствен во редовите на Вардар којшто пружаше отпор на каталонскиот гигант беше Дејан Милосављев кој бранеше феноменално и првиот дел го заврши со повеќе од десет одбрани.
.@HCVardar‘s goalkeeper Dejan Milosavljev is showing why he’s the All-star Team goalkeeper this season – what a great match he’s having so far!#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/YFPsQQrfIF
— EHF Champions League (@ehfcl) June 1, 2019
Тоа, сепак, беше доволно само за да се замине на полувреме со водство на Барселона од 16:9.
Заостанувањето на полувремето не ги обесхрабри ракометарите на Вардар, кои заиграа многу подобро и полека, полек ја топеа предноста на големата Барселона.
Во 20. минута од вотриот дел дојдоа на три разлика 25:22, потоа и 26:23, а по утнатиот пенал на Барса, дојдоа и до два разлика, 26,22. По еден напад и бомбата на Криштопанс, разликата на Каталонците беше само еден на пет минути до крајот . Следува грешка во напад за Браса и изедначување во три минути 45 секунди до крајот на на вториот дел.
Милосављев во следниот напад брани и овозможува напад за водство. Следи неспортски фаул и директен црвен картон за Барселона за играч повеќе за Вардар. Тоа резултира со гол на Карачиќ на минута и 48 секунди до крајот, а потоа и грешка на Барселона во обид за брз напад.
Тука дојде и повреда на Карачиќ, но тоа не го спречи Криштопанс да постигне гол за два разлика на минута и 20 секунди до крајот. Каталонците целосно збунети во следниот напад направија техничка грешка и ја фрлија топката во аут.
По вардаровото промашување, Барса намали на еден разлика, но на само неколку секунди до крајот капитенот Стојанче Стоилов постигна гол за конечни 29:27.
Во големото финале со почеток од 18 часот „црвено-црните“ ќе се борат за титулата европски шампион против Веспрем.
Comments are closed for this post.