Ракметната репрезентација на Македонија денеска од 14:00 часот против Бахреин го игра вториот натпревар во групата на светското првенство што се одржува во Германија и Данска. По стартниот триумф против Јапонија се очекува нова победа на нашите ракометари кои важат за фаворити.

Во другите два натпревари од групата се среќаваат Шпанија – Исланд и Хрватска – Јапонија. Македонија, Хрватска и Шпанија извојуваа победи во првото коло.

Денеска уште играат Катар – Египет, Унгарија – Ангола како и Шведска – Аргентина.