Олимписките игри во Токио ќе почнат за 100 дена, поточно на 23 јули и трба да траат до 8. август. Интересно е тоа што овие Игри ќе се одржат една година подоцна од предвиденото поради пандемијата со коронавирусот.

-На Олимписките игри во Токио ќе ја славиме солидарноста на целото човештво. Целиот свет се соочи со неочекувана криза и пандемија. Организациониот комитет на Игрите, одлучен е летово на сите луѓе да им даде надеж во тоа дека наскоро не очекува светлина на крајот од тунелот. Многу спорортисти и покрај тоа што помина една тешка година ќе го видат светлото на крајот од тунелот. Тие цела година напорно тренираа со цел да настапат на најголемиот спортски собир. Едвај чекаме да ги видиме нивните перформанси во Токио, заедно да ги славиме успесите, изјави претседателката на организџациониот одбор Хашимото Сеико, на одбележувањето 100 дена до почетокот на Олимписките игри.

Ова воедно ќе бидат и првите Олимписки игри на кои нема да присувствуваат навивачи од странство поради пандемијата со коронавирусот. Освен тоа орхнизатрите се соочуваат и со незадоволството на Јапонците. Според последните направени анкети, дури 80 % од јапонскиот народе е против одрживање на Олимписките игри во време на пандемија.