Репрезентацијата на Португалија избори осминафинале на Мундијалот со победата од 2:1 над Хрватска. Стрелецот на решавачкиот гол Гонзало Рамос, откри тајна од таборот на Португалците.

–  Секој ден е посебен затоа што зборуваме за него (Диого Жота). Секој ден тој ни дава сила и многу е посебно што победивме денес и што стигнавме до една од најважните фази од ова натпреварување, изјави стрелецот на победничкиот гол.

Рамос беше стрелец во судиското надополнување на вториот дел, а за него беше прв гол на Мундијалот.