Во обвинението против членовите на Кавачкиот клан за убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина,  пишува дека водачот на криминалната група Радоје Звицер ги нарекол директните извршители „имбецили“, бидејќи тие биле уапсени поради тепачка само неколку дена пред извршувањето на делото.

Според извештаите, во преписката на „Скај апликацијата“ Свицер напишал:

„Беа потребни 43 часа за да се извлечат овие имбецили“.

Звицер откри дека дал 43.000 евра за ослободување на Марко Петковиќ, Љубомир Лаиновиќ и Милинко Брашновиќ. Инаку, тие на 5 јануари 2020 година беа уапсени во Грција поради учество во тепачка и поседување оружје.

Двајца високи членови на Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, беа убиени на 19 јануари 2020 година.

Еден од членовите на кланот испратил порака „завршив со тоа“, на што другите одговориле „Тоо куме“ и „Те сакам, те сакам најмногу.

Убиството на Дедовиќ и Стаматовиќ, кое ја шокираше Грција, се случи во ресторан во предградието на Атина. Дедовиќ и Стаматовиќ долго време се криеле во Грција. Кобниот ден вечерале во ресторан со сопругите и децата. Четворица маскирани напаѓачи упаднале во ресторанот околу 18 часот и 30 минути и додека двајца од нив чувале стража, двајца од нив пукале  пред очите на нивните сопруги и деца.

Убијците испукале повеќе од 20 истрели во главите  а нападот бил изведен прецизно и молскавично, бидејќи за неполни 30 секунди се било готово. Убијците, искористувајќи го метежот и паниката, непречено го напуштиле ресторанот и влегле во џип, кој ги чекал во близина, по што избегале.