Радоје Звицер планира драстично да го смени личниот опис за да се скрие од полицијата и ловците на награди?!
Водачот на Кавачкиот клан е свесен дека не постои точка на планетава каде што може да побегне од полицијата и од најсуровите ловци на награди, па решил драстично да го промени личниот опис и на тој начин да се обиде да си ги покрие трагите и започне нов живот, пишува „Ало.рс“.
Поранешниот разузнавач Божидар Спасиќ врз основа на информации кои кружат во разузнавачките и полициските кругови открива сензационални детали за плановите на Звицер да оди под нож во Турција, со помош на субвенционирани врвни пластични хирурзи.
Според информациите кои дојдоа до мене, Звицер буквално си нацртал нов лик со надеж дека со менување на личниот опис и добивање на нов идентитет, тој би можел да започне нов живот далеку од бројните непријатели кои му се закануваат и сакаат да го видат мртов.Неговиот план е веројатно да ја расте косата и брадата, да се обои во црно и со помош на пластичен хирург значително да ги намали носот и јаготките, да го ботоксира челото, да ги испегла брчките, да ги пресади веѓите и да стави обоени леќи и подоцна врз основа на нов пасош ќе се обиде засекогаш да биде исклучен од мафијашките работи – вели Спасиќ.
Comments are closed for this post.