Српските медиуми ја објавија последната фотографија од водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ. Направена е од безбедносните камери на трговскиот центар каде што биле со сопругата Маша. Половина час откако го напуштиле Молот  беше изрешетан на автопатот близу Инстанбул.

На видетото се гледа како Јовица и Маша безгрижно пазаруваат и се шетаат облечени со качкет и шешир и не претпоставуваат што ќе се случи потоа.