Бугарија е држава од Европската унија со најмалку среќни или задоволни луѓе.Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат. Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место.
Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови.
Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1.
Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест
Comments are closed for this post.