Љубиша Буха Чуме е некогашен припадник на т.н Сурчински клан. Тој на почетокот на 2000 година се приклучи на Земунскиот клан но набрзо се скараа и тој стана нивна цел за ликвидација.
По убиството на премиерот Зоран Ѓинќиќ Чуме плашејќи се за својата безбедност стана соработник на полицијата и се криеше во Словачка и Турција.

Денеска Чуме има 56 години и се уште има полициска придружба бидејќи се плаши од освета од  Земунците кои и денеска повремено се активираат.

Неколкумина од нив се на слобода и заедно со поранешниот државен секратар во српското МВР Дијана Хркаловиќ му упаднале во домот и се обиделе да му го одземат сефот во кој за среќа немало ништо.