Во 19 часот затворени се сите 895 избирачки места во Косово на кои своето избирачко право можеше да го искористат 1,9 милиони гласачи.

За во 19 и 30 часот Централната изборна комисија закажа прес конференција, а прелиминарните резултати се очекуваат набрзо по затворањето на избирачките места.

За време на изборниот ден, Националната коррдинаторка за избори, Љаура Пуља соопшти дека се евидентирани 16 случаи на нерегуларности во кои приведени се 20 лица.

Ова е прв пат процесот на гласање во Косово да биде следен од 100 обвинители и 15 судии.

На Косово денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори. Одлуката за распишување на изборите е донесена после оставката на Рамуш Харадинај, кога парламентот изгласа распуштање.