Студентскиот протест во Белград против претседателот Александар Вучиќ се одвиваат според упатствата од хрватската кница „Блокадна кухарица“, откри денеска претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ.

Стратешки интерес на Хрватска е рушење на Вучиќ.Од каде „блокадната кухарица“ на протестите во Белград, праша Брнабиќ на „ТВ Хепи“.

Оваа книга послужила како водич за студентските протести во Загреб во 2009 година и сега истиот рецепт се применува и во Србија.

Овој прирачник слободно може да се најде во продажба и да се нарача по интернет.

 

„Блокадна кухарица“ е всушност брошура објавена на крајот на 2009 година од Центарот за анархистички студии во Загреб. Авторите се непознати, односно колективно е потпишан од студентите на Филозофскиот факултет во Загреб.

Во тој краток водич, кој е целосно достапен на Интернет, се опишани искуствата од организирање блокади на факултетите во Хрватска во текот на 2009 година, кога главното барање беше бесплатното студирање.

Го препорачува „пленарниот модел на одлучување“ кој го користат и студентите во Србија – но тој ниту беше измислен од Хрватите ниту беше резервиран за анархистите.

Пленумот е всушност еден вид собрание на сите „заинтересирани студенти“, односно на сите оние кои сакаат да учествуваат. Таму секој може да зборува, одлуките се носат со мнозинство.