Во тензична атмосфера, без учество на опозицијата денеска во Албанија се одржуватат локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини има по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, поради што најмалку може да се оценат како плуралистички.
По првпат од 1990 година се случува во земјата да се одржуваат избори без учество на опозиција, која на последните избори во 2015 година освои 48 отсто од гласовите.
Во отуство на опозицијата, свои кандидати на изборите имаат две изборни коалиции и тоа „Алијанса за европска Албанија“(21 партија) и „Надеж за промени“(шест партии), потоа седум независни кандидати и девет политички партии, меѓу кои и Македонска алијанса за европска интеграција. Единствената партија на Македонците настапува самостојно. За разлика од последните локални избори, на кои со советнички листи учествуваше во 16 општини, на овие со кандидат за градоначалник и советничка листа настапува единствено во општина Пустец.
Кандидат за градоначалник е Едмонд Темелко, кој по четврти пат ја бара довербата на жителите на Пустец. Темелко на претходните избори, 2007, 2011 и 2015 година за градоначалник беше избран со околу 80 отсто од гласовите, а партијата на последните избори обезбеди седум од вкупно 13 колку што членови брои советот.
Негов противкандидат е Пали Колевски, член на социјалистичката партија,а коацијата има и кандидатска листа за советници.
Во трката за советничко место има уште двајца Македонци, Илчо Костофски за советот на општина Тирана и Индрит Абдиај за советот на општина Елбасан, двајцата од партијата на зелените
Во единствениот избирачки список запишани се 3,5 милиони лица со право на глас, при што 132.788 ќе гласаат првпат.
Comments are closed for this post.