Во областа на Карловачката жупанија започна ексхумација на преостанатите гробници, каде се закопани остатоци на жртви од српска етничка припадност. Станува збор за жртви од акцијата на хрватската војска и полиција „Бура“.
Се очекува процесот на ексхумација да трае четири дена, а од откриените посмртни остатоци да бидат земени примероци за идентификација преку ДНК анализа.
Според податоците на Комисијата, до сега во регионот Лика ексхумирани се 240 лица и тоа на гробиштата во Грачац 155, Кореница 27 и 58 на локацијата Житник. Од вкупниот број ексхумирани 177 лица се идентификувани и предадени на семејствата.
Продолжувањето на ексхумацијата е од ообена важност за семејствата на исчезнатите лица, кои со години се обидуваат да ги пронајдат и достоинтвено да ги погребаат остатоците од своите најблиски.
Надлежните органи на Хрватска, по двегодишна пауза, го продолжуваат процесот на ексхумација на гробовите во кои се закопани српски жртви во операцијата на хрватската армија и полицијата. Во склад со потпишаните меѓудржавни документи со Хрватска, на ексхумација во својство на набљудувачи присуствуваат и претставници на Комисијата за исчезнати лица на Владата на Србија.
Comments are closed for this post.