Во рамки на акцијата на албанската полиција  „Кула“, изведена во градот Берат пронајдени се 441 килограми марихуана обработени во форма на чоколада, 2,5 килограми хероин, помала количина кокаин, сандук со 75 рачни гранати и електронски ваги кои се запленети како доказен материјал.

Како што се наведува во полициското соопштение, се трага по 47-годишен жител на Берат, во чија куќа била пронајдена дрогата.