Српски цариници, во соработка со граничната полиција, спречиле два обида за криумчарење наркотици во Македонија. Акцијата се одвивала на граничниот премин Прешево, а во неа биле запленети 20 килограми дрога.
Според извештаите на српската царинска управа, речиси целата запленетата дрога е марихуана, нешто повеќе од 19 килограми, додека остатокот е хероин.
Дрогата е пронајдена во две возила, во „Мерцедес“ А класа со албански регистарски таблички и во „Пежо“ со словенечки регистарски таблички, управувано од државјанин на БиХ.
Comments are closed for this post.