Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, е во самоизолација, откако заменикот министер Петко Дојков даде позитивен резултат за ковид-19 на брз тест во рамки на рутинската проверка на раководниот остав на МНР. Од Министерството соопштуваат дека се чекаат резултатите од неговиот PCR тест.
Захариева нема здравствени потешкотии, добро се чувствува и продолжува да ги извршува своите работни задачи. Иако брзиот тест не е основа за карантин, вицепремиерката одлучила да биде во самоизолација.
Бидејќи Дојков учествуваше на тристраните разговори во Берлин како дел од бугарската делегација, Министерството по дипломатски пат ги известило и длегациите на Македонија и на Германија.
Во карантин се ставени сите членови на бугарската делегација, која престојуваше во Берлин.
Comments are closed for this post.