Бугарија со години беше еден од најсериозните поддржувачи на Северна Македонија и навистина сакам да порачам – потпишавме еден договор, двајцата премиери ставија потписи на овој договор и не е добро да се оспорува тоа што е напишано во него, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
– Наша цел е да ја признаеме заедничката историја, заедно да ги чествуваме оние херои кои се самодекларираа како Бугари, но се бореа за идеалите на Македонија. Што е проблем да се каже – да, јазикот кој е официјален според нивниот Уставот, датира од 1945 година и се базира на бугарскиот јазик. Што е проблемот да се каже тоа. Ние не го оспоруваме нивниот идентитет, бевме први кои ја признавме Република Македонија. Не постои правна норма за признавање на нација и јазик, нагалси Захариева
Comments are closed for this post.