Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во разговор за „БНТ“ рече дека Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија и дека не треба да ги разделува двете земји.
Taa не гледа зошто толку двете држави се караат за Гоце Делчев, затоа што оваа личност треба да ги обединува двете земји.
„Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија.
Comments are closed for this post.